Агентот на Ивановиќ зборуваше за потенцијален трансфер во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Познатиот фудбалски агент Дмитриј Сељук кажа што мисли за трансферот на Бранислав Ивановиќ во Барселона.

Агентот ја отфрли секоја можност да се пресели Ивановиќ во Барселона.

„Ниту Ивановиќ, ниту Ховедес, ниту Чорлука нема да се преселат во Барселона. Шпанците играат напаѓачки фудбал, а нивната одбрана стои високо и сите споменати фудбалери се бавни“, кажа Сељук.

Тоа значи дека Ивановиќ нема да направи уште еден мега-трансфер во кариерата.