Венгер ќе го преземе Милан, а со него на „Сан Сиро“ доаѓа – екстра засилување!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Арсен Венгер, наводно, е блиску до потпис на договор со екипата на Милан.

Странските медиуми пишуваат дека Џенаро Гатузо ќе добие отказ, иако во последно време има добри резултати.

Според шпекулациите се споменува и првото засилување кое Французинот го сака во редовите на „Росонерите“, а тоа би требало да биде Златан Ибрахимовиќ, кој беше фантастичен и во Лос Анџелес галакси.

Да потсетиме, Ибра во минатото играше за Милан дури две години и за тоа време ги освои Серија А, како и Суперкупот.

Инаку, преговорите со Венгер наводно биле завршени, а со Ибрахимовиќ биле во тек.