Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити изнесе интересна мисла зборувајќи за натпреварот со Саутемптон во кој неговиот тим победи со високи 6:1.
Во анализите на натпреварот, Гвардиола се пожали дека неговите фудбалери им дозволиле премногу корнери на Саутемптон, за кои рече дека во својот тим го имаат најдобриот изведувач на корнери во Премиер лигата.
При тоа Гвардиола мислел на Џејмс Ворд-Проус 24 годишниот фудбалер на Саутемптон, кој не е ниту редовен член на стартните единаесет, но менаџерот на Сити навистина ги цени неговите способности кога се прекини во прашање.
,,Не бевме баш стабилни во одбраната, а овој натпревар ни покажа дека не сме толку добри на некои позиции иако славевме со 6:1. Му допуштивме на противникот премногу удари од аголот, а знаеме дека Саутемптон го има Вард-Проус кој е најдобар изведувач на корнери во лигата”- рече Гвардиола после натпреварот, што многумина изненади.
Џејмс Вард Проус игра како центален играч за врска. Оваа сезона во Премиер лигата настапи на само четири натпревари, а може да се пофали со еден настап и за репрезентацијата на Англија.