Нејмар не остана воздржан: Ќе поднесеме жалба, барам казна за елитниот судија поради непочитување?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ синоќа освои бод на гостувањето во Наполи, водеа Парижаните по првото полувреме со голот на Бернат, но во продлжението конечните 1:1 го постави Инсиње.

Нејмар секако го одигра цел меч за „Светците“, а најскапо платениот играч на сите времиња по натпреварот изјави дека судијата Бјонр Кујперс рекол нешто што не смеел во текот на самиот меч.

„Судијата ми кажа нешто што не смееше. Не сакам да повторувам што ми рече. Сепак, луѓето на високи позиции би требало да направат нешто“, изјави Нејмар.

Нејмар заработи и жолт картон во продолжението, кога чекаше да се изведе слободен удар. Не е разјаснето дали инцидентот за кој Бразилецот зборува се случил во тој момент, или во некоја друга ситуација во текот на мечот.

„Не може да се покаже такво непочитување какво што покажа кон мене. На теренот, од нас се бара да ги почитуваме судиите. Мораат тогаш и тие нас да не почитуваат“, додаде видо револтиран Нејмар.

Останува да се види дали ПСЖ ќе предаде официјална жалба против Кујперс, кој суди под лиценца на ФИФА од 2006. година.