Ни срам, ни перде: Рамос му скрши нос на противнички фудбалер! (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Марид вечерва ја потопија Викторија Плзен со 5-0 во рамки на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Еден момент од натпреварот ќе остане запаметен уште долго. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос имаше дуел со Милан Хавел и го удри со лакт.

Дефанзивецот на Плзен остана да лежи на теренот, додека крв му течеше на сите страни. Подоцна Хавел не можеше да ја продолжи средбата, па беше заменет во 37. минута.

Рамос за стартот не доби ниту жолт картон, а очигледно не му доаѓа памет и продолжува со опасните стартови.