Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез на почетокот на годинава стигна во Манчестер јунајтед како големо засилување од Арсенал, но не ги оправда вложените пари.
Алексис нема најдобар однос со Жозе Мурињо во последно време, па не изненадува кога натпреварите на „црвените ѓаволи“ ги следи од трибини.
Сепак, во претходните натпревари доби шанса да игра од првата минута, но уште не го покажа тоа што се очекува од него.
Чилеанецот се жалеше на атмосферата во клубот, па нема најдобри односи со соиграчи, а сега го критикува и распоредот во соблекувалната.
Еден познат магазин објави бизарна приказна за Санчез, односно дека се жалел на фрижидерот, кој се наоѓа во соблекувалната во Јунајтед.
Наводно, се пожалил дека поради него му е ладно на нозете и сака да се помести фрижидерот.