Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мбапе е еден од најскапите фудбалери во историјата, а ПСЖ го купи за 180 милиони евра, додека рекордер е Нејмар кој за 222 милиони премина од Барселона во ПСЖ.
„Тоа е навистина непрристојно, барем за мене кој доаѓам од скромна фамилија, но пазарот е таков, цените растат и не можете тоа да го промените“, рече Мбапе, додавајќи дека не сака никој да го копира.
„Не сакам да бидам копија, сакам да имам своја приказна, мислам дека е добро да имате голема доза на самодоверба“.
„Не слушајте ги оние кои се сомневаат во вас, секогаш верувајте во своите соништа и не дозволувајте да ве убедуваат дека некои работи се невозможни“, изјави Мбапе.