Ѕвезда на Реал порачала: Сакам да играм со Роналдо во Јувентус

Преминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус претходното лето привлече големо внимание бидејќи никој не го очекуваше овој трансфер.

Меѓутоа, тоа не е сè затоа што уште еден фудбалер на „кралевите“ би можел да се пресели во Торино, а станува збор за Марко Асенсио, кој е заинтересиран за трансфер во Јувентус.

„Тутоспорт“ пишува дека Асенсио е фасциниран од навивачите на „Старата дама“ и атмосферата во клубот.

Останува да видиме дали во јануари Јувентус ќе испрати официјална понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, но многу работи зависат и од „кралевите“.

Асенсио има договор со „кралевите“ до 2023 година, а неговата цена изнесува дури 90 милиони евра.