Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Манчестер Сити, Давид Силва вечерва и официјално се прости од репрезентацијата на Шпанија.
Како што се најавуваше, Силва пред почетокот на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и БиХ во Лас Палмас, го изведе почетниот удар и во таа прилика во прегратка го држеше и својот син.
За потсетување, Силва е роден на Канарските Острови, а неодамна зборуваше за тоа дека кариерата би сакал да ја заврши токму во Лас Палмас.
Инаку тој, во дресот на репрезентацијата на Шпанија одигра дури 129 натпревари и постигна 37 погодоци.
Во продолжение, погледнете го неговото простување: