Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата зима беше договорен трансфер на Гризман во Барселона, но на крајот Французинот остана во Мадрид.
Иако имаше желба да оди во Барселона, ги одби и нив и Јунајтед поради лојалност кон Атлетко, но додуша улога овде имаше и менаџерот Диего Симеоне.
Меѓутоа факт е дека исто така и Гризман на некој начин не сакаше да оди во Барса,, бидејќи беше свесен дека ќе биде во сенка на Меси.
„Беше тешко да ги одбијам, ме сакаа, имаше многу пораки, повици, но и Атлетико покажа дека ме сака, соиграчите ме притискаа. Ова беше најтешката одлука во мојот живот, а една вечер се разбудив во три по полноќ ја разбудив жена ми и разговаравме за тоа како се чуствувам, па на крајот пресечив“, изјави Гризман.
„Атлетико гради иднина околу мене, а тоа е разликата во однос на Барселона“, додаде Французинот, кој алудираше дека нема желба да биде позади Меси.