Не можат повеќе да го трпат: Суарез испрати порака до Дембеле!

Пристигнувањето на Осман Дембеле на „Камп ноу“ создаде само главоболки за Барселона бидејќи младиот Французин направи еден куп проблеми на Каталонците.

Дембеле постојано касни на тренинзи и натпревари, па не се придржува кон правилата на клубот, а зависник е и од компјутерски игри.

Тоа го налути тренерот Ернесто Валверде и управата на клубот, па наскоро би можел Дембеле да замине од екипата.

„Мислам дека е привилегија да си фудбалер. Мислам дека би требало да се фокусира на фудбал и да добие инспирација од важни професионалци во соблекувалната на Барселона“, порача Уругваецот.