Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот од одбраната на Сао Пауло, Родриго Каио би требало да се пресели во редовите на Милан овој јануари.
Неговиот агент пристигнал во Италија за да се сретне со техничкиот директор на Росонерите, Леонардо.
Милан има криза кога се работи за одбраната, со оглед на фактот што има дури тројца фудбалери кои ќе се надвор од терените подолг период поради повреди.
Токму затоа од Милан ќе бараат играч од одбраната за јануарскиот преоден рок, а изборот паднал над Каио кој би ги чинел околу десет милиони евра.