Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред фудбалерите на ПСЖ е голем предизвик во ЛШ во наредниот период, бидејќи лесно може да се случи Парижаните да не се пласираат во нокаут фазата на ова натпреварување.
ПСЖ веќе наредната среда пред своите навивачи игра против Ливерпул и јасно е дека им е потреба победа. Синоќа лоши вести ги вознемирија Парижаните, бидејќи останаа без двајцата најдобри играчи.
На наптреварите за своите репрезентации се повредија Нејмар и Мбапе кои порано го напуштија теренот. Нејмар го повреди препонот и излезе веќе во осмата минута од мечот Бразил – Камерун, додека Мбапе излезе во 36. минута поради повреда на рамењата на мечот против Уругвај.
ПСЖ денес ги потврди повредите, но изјавија дека повеќе информации ќе знаат во наредните 48 часа. Сепак, се очекува Нејмар и Мбапе да бидат надвор од терените барем десетина дена, што е лоша вест за ПСЖ. Ова значи дека нема да можат да играат против Ливерпул.