Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери за врска на сите времиња, Андрес Иниеста, најдобрите денови во кариерата ги помина во дресот на Барселона, додека потоа настапуваше и во Јапонија.
Иниеста е дете на Барселона и еден од фудбалерите од Ла Масија, кој донесе многу радост кај навивачите на клубот, но и на фановите на селекцијата на Шпанија.
Иако со Барселона и Шпанија освои многу трофеи, сепак имало моменти и кога воопшто не му било лесно.
Иниеста призна дека имал проблеми со депресијата пред девет години во сезоната 2009/10 по тројната круна во 2008/09.
„Откако ја освоивме тројната круна со Барселона следуваше тежок период за мене и навистина се борев со депресија. Имаше денови кога едвај чекав да завршат натпреварите или тренингот и да заминам дома. Пиев апчиња кои ми помагаа да одморам повеќе“, кажа Иниеста.