Фудбалска мафија го организирала нападот пред реваншот во Копа Либертадорес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хулиганите на ривер плејт се опишани како „мафија на аргентинскиот фудбал“ и стојат зад нападот на автобусот на Бока во Буенос Аирес.

Натпреварот беше одложен, па не е познато кога повторно ќе биде одигран, иако се шпекулира дека тоа ќе се случи на осми декеври.

Градоначалникот на Буенос Аирес, Хорацио Родригез Ларета кажа дека тоа било напад поради одмазда. Наводно, инцидентот се случил еден ден откако била претресувана куќата на водачот Бара Брава.

Им биле запленети 300 влезници за финалето и дури 207.285 фунти, па поради тоа се случил нападот.

„Проблемот е Бара Брава – мафија која е вградена во фудбалот повеќе од 50 години и тие се одговорни за инцидентите. Овие 300 луѓе на кои не им беше дозволено да влезат на стадионот беа главни организатори на лудилото“, кажа градоначалникот.

Во каменувањето на автобусот на Бока беа повредени неколку фудбалери, од кои двајца завршија во болница поради сериозноста на повредите.