„Сонувам за тоа да му одбранам пенал на Роналдо“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Голманот на Фиорентина Албан Лафонт призна пред средбата со Јувентус дека сонува за тоа да одбрани пенал на Кристијано Роналдо.

Фирентина и Јувентус во сабота навечер ќе одиграат натпревар од 14тото коло од Серија, а голманот на Фиорентина изјави дека освен од Роналдо треба да бидат уплашени и од некои други играчи,а меѓу нив го спомена и Миралем Пјаниќ од чии удари од далечина навистина треба да се плаши.

„Сонувам за тоа да му одбранам пенал на Роналдо и Фирентина да го победи Јувентус“, рече Лафонт за Газета дело Спорт и додаде дека Јуве не е само Роналдо.

„Мораме да бидеме претпазливи цело време затоа што Јуве не е само Роналдо, постојат многу опасности за голманот. Тука е Миралем Пјаниќ и неговите шутеви надвор од шеснаесетникот, потоа шутевите на Дибала и Манџукиќ“.

„Јуве може да го освои Скудето и Копа Италија, но не се единственити фаворити во Лигата на шампиони“- порача за крај голманот на Фиорентина. Потсетуваме, средбата помеѓу Фиорентина и Јувентус е на распоред за сабота навечер од 18 часот.