Нема повеќе назад: Санчез се налути и сака да замине од Јунајтед


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алексис Санчез не беше во составот на Манчестер јунајтед за дуелот против Јанг Бојс во петтото коло од Лигата на шампиони, иако Чилеанецот целосно беше подготвен да настапи на тој дуел.

Чилеанецот добива плата од 350.000 фунти во Јунајтед неделно и иако заработува многу повеќе пари од останатите фудбалери во Премиерлигата, тренерот Жозе Мурињо не го користи доволно.

Во Премиерлигата често е резерва или не ги завршува натпреварите и само во првото коло против Лестер одигра 90 минути.

Во Лигата на шампиони, Санчез играше само на два натпревари, а против Јанг Бојс не беше меѓу резервите, иако беше физички подготвен.

Санчез, наводно побарал трансфер во јануари, а за него заинтересиран е ПСЖ, кој би можел да му понуди слична плата.