Додека со овации беше поздравена секоја добра акција на ПСЖ против Ливерпул синоќа, еден фудбалер на Парижаните и повеќе од сериозно ограбен..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ го совлада Ливерпул на домашен терен во рамки на петтото коло во групната фаза од Лигата на шампионите со 2:1, а во второто полувреме прилика да настапи за „Светците“ имаше и некогашниот напаѓач на Шалке и Стоук, Ерик Максим Чупо-Мотинг.

Камерунецот ова лето на изненадување на многумина стигна во ПСЖ, ангажиран како алтернатива за Едисон Кавани.

И додека со своите соиграчи го добиваше Ливерпул, Чупо-Мотинг е ограбен.

Имено, крадци од неговата куќа излегле со накит и рачни торби во вредност од 600.000 евра.

Навистина несекојдневна ситуација, а останува да се види дали сторителите ќе бидат пронајдени, со оглед на тоа дека не станува збор за мала сума, ниту за фудбалер на богатиот ПСЖ.