Потврди и Мурињо: Долго ќе трае, Санчез оди во „аут“…


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди денес дека клубот нема долго време да може да смета на чилеанскиот фудбал, Алексис Санчез.

Алексис ја повреди задната ложа во текот на тренингот во четвртокот. Веднаш почна со процесот на закрепнување, но менаџерот на „Црвените ѓаволи“ тврди дека закрепнувањето ќе трае долго.

„Има поприлично непријатна повреда. Не сакам ништо официјално да зборувам колку ќе биде отсутен од теренот, но од претходните искуства би рекол дека оваа година повеќе нема да игра“, истакна Мурињо.

Алексис не играше многу ниту оваа сезона па во 10 настапи во Премиер лигата постигна само еден погодк, а одигра 478 минути.

Јунајтед утре игра меч на гостувањето кај Саутемтон.