Алвеш ги „исплука“ Аргентинците: Суперкласико во Мадрид? Вакво нешто не сум видел! Срамота…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер ДаниАлвеш покажа разочарување што финалето во Копа Либертадорес ќе се игра надвор од Аргентина.

Реваншот ќе се одигра на деветти декември на стадионот „Сантијаго бернабеу“ во Мадрид бидејќи немаше услови да се игра на „Монументал“ во Буенос Аирес.

Во Бока одбиваат да играат, но ниту Ривер не сака да настапува во Мадрид, а голем дел неутрални фанови сметаат дека е глупаво да се игра ваков натпревар далеку од Аргентина.

„Да се видат Бока и Ривер далеку од Аргентина за мене е најголемото разочарување кое сум го видел и ќе го видам. Срамота!“, кажа Алвеш.

Да потсетиме, првиот дуел меѓу Ривер и Бока на „Бомбоњера“ заврши 2-2.