Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите направија големи нереди во Буенос Аирес, откако го каменуваа автобусот на Бока јуниорс пред реваншот од Копа Либертадорес, па тој мораше да биде одложен.
Суперкласико дефинитивно нема да се игра на „Монументал“, откако беше преселен на „Сантијаго бернабеу“ во Мадрид, барем така соопшти КОНМЕБОЛ.
На многумина оваа одлука не им се допадна, а еден од нив беше Бразилецот, Дани Алвеш, кој порача дека е срамно да се игра Суперкласико надвор од Јужна Америка, а големи критики имаше и Диего Марадона.
„Многу сум лут. Што ќе се случи кога наредниот пат Ривер ќе биде гостин кај Бока? Како ќе влезат на стадинот? Бока во 2015 година со спреј ги нападнаа фудбалерите на Ривер, па беа дисквалификувани. Овојпат навивачите на Ривер ќе бидат запаметени како херои“, порача Марадона.
Легендарниот Аргентинец потоа имаше и коментар за КОНМЕБОЛ.
„Претседателот Алехандро Домингез, дали воопшто знае што прави? Јас морам цело свое семејство да го водам во Мадрид за да го гледа Суперкласико? Во што се претворивме? Знаете ли ова колку ќе чини? Најдете добра фирма за обезбедување и дозволете да се игра во Велез. Срам сте за фудбалот“, критикуваше Аргентинецот.