„Старата Дама“ пресилна за Фиорентина


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус остварија победа од 3-0 на гостувањето во Фиорентина и ја продолжија серијата без пораз во италијанската лига.

Водство на „ Старата Дама “ му донесе Бентанкур со удар по земја во 31. минута од првиот дел на натпреварот.

На 2-0 зголеми дефанзивецот Киелини во 69. минута, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо од пенал во  79. минута со својот десетти гол во Серија А.

Јувентус и понатака е непоразен во Серија А, каде што е на првото место со вкупно 40 поени. Фиорентина е на десеттото место со 18 поени и не знае за победа уште од 30 септември.