Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Модриќ ја освои наградата за најдобар играч во светот според France Football. Ова е голем успех за Хрватскиот играч, но веднаш после церемонијата за доделување на Златната топка и другите награди започнаа многу критики и пораки од фудбалската јавност дека победата на Кристијано Роналдо е украдена.
Прва на социјалните мрежи се јави Елма Авеиро, сестраната на Роналдо, која жестоко го критикуваше France Football, коментирајќи дека едноставно е неверојатно дека некој бил подобар од Роналдо изминатата година и додаде дека се е корупција и мафија.
„На несреќа ова е свет кој живее од корупција и мафија. Моќта на Бог е поголема од сите тие трулежи. Бог касни, но не заборава“, порача сестрата на Роналдо преку Инстаграм.