Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Франс Фудбал“ пишува дека Евертон е заинтересиран за поранешниот напаѓач на ПСЖ, Жан-Кевин Огустен.
Овој 21-годишен фудбалер во 2017 година го засили Ред Бул Лајпциг за 16 милиони евра, а од тогаш постигна 20 голови на 59 настапи.
Оваа сезона под водство на Ралф Рангник е во „сенка“ на Тимо Вернер и Јусуф Пулсен, а тоа ќе се обидат да го искористат „Карамелите“.
Евертон понуди 40 милиони евра за младиот Французин, но Лајпциг би можел да побара во спротивен правец „карамелите“ да го испратат Адемола Лукман.
Лукман играше на позајмица во Лајпциг, а Ред Бул неколку пати се обиде да го купи. Сепак, Евертон не сакаше да го продава младито Англичанец.