Ова е неверојатно: Нејмар има договор со 35 брендови, и има богатство за цел век…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар, заработува огромна сума на пари на зелениот терен во дресот на ПСЖ, но и надвор од него на фудбалерот му оди и тоа како добро.

Нејмар веќе сега има вредност од 185 милиони долари, а веќе во 2019. година оваа цифра би можела значително да порасне со оглед на бројот на брендови кои ги рекламира.

Така Нејмар има договори со дури 35 различни брендови и на годишно ниво тие носат дополнителни 16 милиони евра. Таа сума сосема сигурно ќе биде наскоро поголема, а на листата брендови кои ги рекламира се наоѓаат познати имиња.

Малку кој во светот не слушнал за Nike, Air Jordan, Red Bull, McDonalds… и токму овие големи компании добро му плаќаат на Бразилецот да ги рекламира.

Нејмар изгради големо име. Пари има веќе сосема доволно да не работи ништо до крајот на животот и можеби наскоро ќе почне да игра фудбал од љубов.