Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Интер, Лучано Спалети се наоѓа под притисок по елиминацијата од Лигата на шампионите и постои голема можност да биде сменет, пренесуваат бројните италијански медиуми.
Спалети трпи големи критики поради ремито на „Сан Сиро“ против ПСВ, кој го бранеше во моментот кога Барселона го водеше против Тотенхем, пред гостите на „Ноу Камп“ да изедначат во финишот за 1:1 и се пласираа помеѓу најдобрите 16 во Европа.
Затоа веќе почнаа приказните за отказот на искусниот тренер, посебно што за нов спортски директор е именувам Џузепе Марота со план да се обиде да го донесе Антонио Конте, пишува Газето дело спорт.
Марота и Конте успешно соработуваа во Јувентус, заедно го освоија Скудетото и тргнаа кон стазата на успесите на торинскиот клуб.
Конте моментално е слободен откако летово го напушти Челси, а како можни кандидати фигурираат мадридскиот предводник, Диего Симеоне и Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед.