Денвер ја „тресна“ Оклахома, Јокиќ и Вестбрук ќе се истепаа (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот Никола Јокиќ го предводеше Денвер до триумф против Оклахома од 109-98.

Јокиќ имаше 24 поени, 15 скокови и девет асистенции на мечот, а во самиот финиш во главна улога беше токму тој и Расел Вестрбук.

Вестрбук го турна Џамал Мареј, по што Јокиќ тргна да се пресмета со него, но брзата интервенција на останатите кошаркари спречија инцидент.

Инаку, и Вестбрук имаше солиден меч, откако постигна 13 поени, 14 скокови и осум асистенции.