Фудбалерот на Атлетико доби лесна задача, меѓутоа не се снајде баш најдобро

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Парти вчера доби многу лесна задача, меѓутоа не се снајде баш најдобро.

Имено, Парти требаше да го повози новиот спонзорски автомобил, а кон тоа тој храбро пристапи.

А потоа започнаа проблемите. Прво имаше проблеми да  стартува автомобилот, а потоа за малку ќе го удреше во реклама на стадионот.

Соиграчите му се смееја, а еден присутен човек на трибините се „фати“ за главата, мислејќи дека фудбалерот од Гана со сигурност ќе предизвика инцидент.

Погледнете ја целата ситуација во видеото подолу.