Скај Италија: Челси и Милан спремаат голема размена


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што наведува Скај Спорт Италија, менаџерот на Челси, Маурицио Сари сака во своите редови да го види Гонзало Игуаин, па спремен е на Росонерите да им го понуди Алваро Мората како замена.

Сепак, мал проблем претставува фактот што Игуаин е на позајмица во Милан. Опцијата за откуп за 36 милиони е изводлива само ако Челси им помогне околу ова, бидејќи тимот од Сан Сиро е во проблеми и не смее да издвојува премногу пари поради кршењето на фер-плејот.

Наводно, Плавите се спремни на ова. Радо би им помогнале на Милан со цел на Сари да му се исполни желбата да го доведе Пипита во своите редови.

Шпанскиот напаѓач беше голема желба на Росонерите во текот на летото. Не успеаа да го доведат, а потоа успеаа да го доведат Игуаин во размена со Јувентус со опција да го откупат.

Мората од доаѓањето во Челси разочара. Се поизвесно е дека ќе го напушти Стемфорд Бриџ и веројатно повторно ќе го гледаме во Серија А, но овој пат во дресот на Милан.