Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ернесто Валверде има проблеми во одбраната, а во моментов не може да смета на Томас Вермален и Самуел Умтити, па опции на стоперските позиции се Клемен Ленгле и Жерар Пике, а сега го ангажираше и Жеисон Мурилјо од Валенсија.
Според бразилските медиуми, во јануари во Барселона би можел да стигне и стоперот на Сао Паоло, Родриго Кајо.
Овој 25-годишен дефанзивец веќе долго време е желба на голем број европски гиганти, а очигледно наредната година ќе заигра на „Камп ноу“, иако многумина сметаа дека ќе се пресели во Милано.
Наводно, Барселона го платила 18 милиони евра, а фудбалерот веќе ги извршил и медицинските прегледи во една приватна клиника.
Кајо во кариерата настапуваше само за Сао Паоло, па има 277 настапи за клубот од 2011 година, а притоа постигна и 13 голови.