Реал во проблеми, Интер се „смешка“: Модриќ одби да го продолжи договорот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му понудил продолжување на договорот на Лука Модриќ, но 33-годишниот Хрват ја одбил понудата и сака да го напушти шпанскиот гигант.

„АС“ пишува дека најдобриот фудбалер во светот за 2018 година сака да се пресели во Интер, кој покажа интерес за него и минатото лето.

Перез тогаш одби да преговара со Интер за трансферот на својот фудбалер, и покрај понудата од 40 милиони евра, а на Модриќ му се закани и со тужба на суд.

Малку работи се сменија од тогаш на „Сантијаго бернабеу“, односно нов тренер стана Сантијаго Солари, кој не ги промени ставовите на Модриќ.

Договорот на Хрватот со европскиот шампион завршува во 2020 година, а тоа значи дека Реал летово би можел да заработи пари на негов трансфер.

Неговата заработка во моментов изнесува 10,4 милиони евра, па не би требало да претставува проблем за „нераѕурите“.