Челси има „адут во ракавот“, дали ова ќе го задржи Азар во Лондон

Еден Азар влезе во легендите, стана 10. играч во историјата на Челси кој за овој клуб постигна 100 и повеќе погодоци.

По мечот со Вотфорд изјави дека би сакал да застане рамо до рамо со легендите од клубот како што се Лампард и Дрогба, но тоа и натаму не гарантира дека ќе остане на „Бриџ“ и по оваа сезона.

Реал е многу заинтересиран, ниту самиот фудбалер не криеше дека му е детски сон да го облече дресот на „Лос Бланкос“, како што се наведува Мадриѓаните подготвија и примамлива понуда за Белгиецот.

И додека Азар пишува историја за „Плавите“, неговиот брат Торган брилјира во дресот на Борусија Менхенгладбах. Постигна девет погодоци и запиша шест асистенции во досегашниот тек на сезоната, па и неговото име се почесто е во наслобите на европските медиуми.

Голем број екипи се заинтересирани, го сакаат Дортмунд, Баерн, Севиља и Тотенхем, но се чини дека Челси ги држи работите во свои раце.

Торган всушност од „Стемфорд Бриџ“ стигна во Гладбах, а „Плавите“ како што се наведува имаат опција да го вратат во Лондон следното лето, пишува „Билд“.

Докажа дека има квалитет, па Челси би можел да ја искористи споменатата опција и така постои уште една причина на својот најдобар играч Еден Азар да му го продолжи опстанок на „Стемфорд Бриџ“ и по оваа сезона.