Роналдо ја завршува 2018 година со импресивна статистика!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Многумина мислеа дека Кристијано Роналдо со заминувањето во Јувентус направил чекор назад, но португалскиот фудбалер покажа дека тоа бил одличен потег за него.

Португалецот за кратко време се прилагоди на тимот на Јувентус и може да се каже дека е еден од најважните фудбалери на тимот. Роналдо е прв стрелец на клубот во Серија А, а еден гол му недостига да биде најдобар стрелец во Јувентус во 2018 година.

Статистиката на Роналдо е импресивна, зашто остана најдобар стрелец на Реал Мадрид во 2018 година, иако половина година не игра за нив. Тој во дресот на „кралевите“ постигна 28 гола, а Герет Бејл има постигнато еден гол помалку од него.

Португалецот за малку ќе завршеше и како најдобар стрелец на Јувентус, а пред него е само Пауло Дибала со еден гол повеќе.