Иско го селат во Челси, а тој има други планови


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Не е тајна дека Иско и Солари не се баш во најдобри односи, а за ова сведочи и неговата минутажа во последно време, а многу говорат дека Шпанецот веќе во јануари ќе се пресели во Челси.

Сепак, Иско во разговор за Депортес Куатро истакна дека има потполно други планови.

„Не размислувам за заминување, среќен сум во Реал и сакам овде да освојам уште многу трофеи“, порача Иско.

Тој во 2013. година пристигна во Реал од Малага за 30 милиони евра, а до денес освои 14 трофеи со мадридскиот клуб, од кои четири Лига на шампиони.

Оваа сезона има запишано четири голови и две асистенции на 18 натпревари, а само четири пати им поминато цели 90 минути на теренот.

Освен со Челси, тој се поврзува со Сити и Баерн.