Роналдо не е најдоброто на Апенините: Ма какви, не е ниту во ТОП 3


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со купувањето на Кристијано Роналдо изминатото лето донесе многу за Јувентус.

Надвор од теренот успеаа да се вксрстат во редот на најпопуларни клубови на светот, додека Португалецот се исплатеше и на теренот бидејќи во Серија А постигна 14 погодоци во првата полусезона.

Сепак, новинарите на Коријере дела Сера тврдат дека Кристијано не е ниту меѓу тројцата најдобри напаѓачи во Италија.

За што се работи?

Роналдо е најдобриот стрелец во Калчо, но ако се погледне тежината на неговите погодоци, т.е. колку тие директно бодови донеле, пред него се тројца фудбалери.

Прв е фантастичниот Полјак, Криштоф Пјатек чии погодоци директно донеле половина од 20 бодови кои Џенова ги освои од стартот на сезона. Втор на листата е фудбалерот на Аталанта, Дуван Запата, а третиот е Фабио Квалјарела од Сампдорија.

По тие критериуми, Роналдо е дури четврти, па Италијанците подвлекоа дека една работа работа е да се игра во Џенова, а сосема поинаква е да се настапува за моќен тим.