Интер сака да купи ѕвезда на Јувентус, но постои еден проблем!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е пред ангажман на Арон Ремзи од Јувентус, кој треба да потпише петгодишен договор и да добие плата од девет милиони евра годишно, а управата притоа реши да го продаде Пауло Дибала.

За Аргентинецот постои огромен интерес од европските гиганти, како и од Интер, кој е ептен загреан за Дибала.

Бепе Марота инсистира да го ангажираат Аргентинецот, кој би можел да донесе дополнителен квалитет во екипата, но проблем би можела да претставува сумата за откуп.

Наводно, Јувентус бара дури 130-140 милиони евра за неговите услуги, а тоа за „нераѕурите“ е премногу.