Абрахам: Тешко беше да се напушти Челси, но…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Тами Абрахам си замина од Челси минатото лето, по што потпиша за Рома каде што му оди одлично, а премиерлигашот може да жали затоа што загуби квалитетен фудбалер.

Овој 24-годишен фудбалер играше две сезони во првиот тим на Челси, каде што го промовираше поранешниот тренер на клубот, Франк Лампард.

Абрахам минатото лето се пресели во Рома, откако стратегот на екипата, Жозе Мурињо побара од раководството да тргне по неговиот потпис.

„Да се напушти Челси е многу тешко, но не ми е жал. Не знаев многу работи за италијанскиот фудбал, но сепак тоа ми помогна да се развијам како фудбалер и човек“, кажа Абрахам.