Абрамович го има најдобриот подарок и изненадување за Тухел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел најверојатно ќе потпише нов договор со екипата од западен Лондон.

Откако синоќа на „сините“ им го донесе трофејот во Лигата на шампиони, Тухел за награда ќе добие подобар и побогат договор од газдата Роман Абрамович.

Рускиот бизнисмен е презадоволен од настапите на Челси под водство на Тухел и сега сака да го награди Германецот со богат договор.

Германецот стигна на почетокот на 2021 година како замена за Франк Лампард и за неколку месеци го крена тимот на повисоко ниво и обезбеди трофеј во елитното натпреварување.

Неговиот сегашен договор важи до 2022 година, но Абрамович сака таа соработка да трае уште неколку сезони, а освен нов договор, Русинот ќе инвестира пари и во засилувања.