Абрамович: Не сум побарал никакви пари за позајмица!

Рускиот милијардер Роман Абрамович испрати соопштение до навивачите преку официјалниот сајт на англискиот клуб по шпекулациите на медиумите поврзани со продажбата на тимот.

Англиските медиуми шпекулираат дека клубот не е продаден затоа што Абрамович барал 1,6 милијарди фунти, кои биле дадени како позајмица во премиерлигашот од страна на неговите фирми.

Абрамович ги демантираше шпекулациите и кажа дека парите од продажбата ќе бидат донирани во Украина.

„По санкциите наметнати кон господинот Абрамович од британската Влада, позајмицата исто така е предмет на санкции од ЕУ. Тоа значи дека парите се замрзнати, а Абрамович нема никаков пристап до нив. Тој сака да пронајде вистински чувар на клубот“, соопшти тимот.