Абрамович нема време за трошење: Челси го враќа Азар на „Стемфорд бриџ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Ел Насионал“ објави дека фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Челси, каде што во минатото играше со многу успех.

Актуелниот освојувач на Лигата на шампиони подготви понуда од 50 милиони евра за да го врати белгискиот репрезентативец на „Стемфорд бриџ“.

Азар замина од Челси во 2019 година, но го разочара раководстовото на Реал Мадрид, кое имаше големи очекувања од Белгиецот.

Азар досега настапи во 51 меч за „кралевите“, а притоа постигна пет гола и девет асистенции за шпанскиот гигант, но имаше и голем број на повреди.