„Адеми доби незгоден удар и му настрада бутниот мускул, а најверојатно и задната ложа“

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вчера го заврши предвреме мечот против Омонија во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар на прес-конференцијата кажа дека е загрижен поради повредата на Адеми, која на прв поглед не изгледала воопшто наивно.

„Лука Иванушец доби удар во градите и остана без воздух, но во моментов е добар. За разлика од него, Адеми заработи болен удар и му настрада бутниот мускул, а можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам и се надевам дека ќе биде во ред“, кажа Крзнар.

Адеми денеска ќе има дополнителни медицински прегледи, по кои ќе биде познато колку време ќе паузира.