Адеми го пропушта дербито против Хајдук, неизвесен е и Ристовски!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Динамо Загреб утре ќе се соочи против вечниот ривал Хајдук Сплит на „Пољуд“, но се соочува со сериозни проблеми.

Тренерот на Динамо, Ненад Бјелица откри дека Аријан Адеми не е достапен за мечот, а неизвесен е и Стефан Ристовски.

„Адеми, Мишиќ, Невистиќ и Кордоба не се на располагање, а под знак прашалник е Стефан Ристовски, ќе видиме дали ќе биде спремен за настап“, кажа Бјелица.

Мечот меѓу Хајдук и Динамо е закажан за утре од 17.45 часот.