Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Курасао утрово успеа да направи нешто што многумина мислеа дека е невозможно, а тоа е да освои прв историски поен на Светското првенство.
Откако загуби со дури 7:1 против Германија на отворањето на Мундијалот, Курасао утрово играше против Еквадор.
Најмногу благодарение на голманот Елој Роом, Курасао успеа да освои свој прв бод во историјата на Светското првенство.
Српскиот зет направи чуда на голот на Курасао, и натпреварот заврши нерешено 1:1 и се смета за едно од најголемите изненадувања досега.
Интересно е што поенот за Курасао има голема важност и за Босна и Херцеговина, на која сега уште повеќе ѝ се отвара патот кон 1/16 финалето на Светското првенство.
Имено, ако Босна и Херцеговина во среда победи против Катар, ќе има четири поени и ќе се пласира во следната фаза на натпреварувањето.















