Адеми и Ристовски против Вилјареал, Арсенал и Манчестер јунајтед добија лесни противници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во Нион беше одржана ждрепката за четвртфиналето во Лига Европа, а најголеми фаворити за трофејот се Манчестер јунајтед и Арсенал, кои добија лесни противници, додека и македонските фудбалери Аријан Адеми и Стефан Ристовски го дознаа ривалот.

Првите натпревари од четврфиналето се играат на 8 април, по што реваншите се седум дена подоцна, односно на 15 април.

Четвртфинале:

Гранада – Манчестер Јунајтед

Арсенал – Славија Прага

Динамо Загреб – Виљареал

Ајакс – Рома

Полуфинале:

Гранада – Манчестер Јунајтед/ Ајакс – Рома

Динамо Загреб – Виљареал/ Арсенал – Славија Прага