Адеми на слатки маки: Руски гиганти го сакаат капитенот на Динамо Загреб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми следното лето најверојатно ќе го напушти Динамо Загреб, а за неговиот потпис заинтересирани се два гиганти од Москва.

Руските медиуми објавија дека Спартак Москва и ЦСКА Москва го посакуваат Адеми, за кого се подготвени да платат околу пет милиони евра.

Адеми во текот на кариерата настапуваше во Хрватска, каде што ги носеше дресовите на Шибеник, Локомотива Загреб и Динамо Загреб.

Исто така, Адеми има 14 настапи за македонската репрезентација, на кои постигна вкупно три погодоци.