Адеми се сели во Кина, Динамо Загреб ќе добие милион евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кинески новинар објави дека македонскиот фудбалер Аријан Адеми ќе се пресели во Пекинг Гуан, откако екипата ги решила проблемите со долговите кон поранешните тимови.

Долго време се шпекулира дека Адеми ќе го напушти Динамо Загреб, кој ќе добие еден милион евра за трансфер на Македонецот.

„Гуан имаше забрана за трансфери, но рпболемот е решен. Доаѓа Де Соуза, но и 32-годишниот капитен на Динамо, Адеми“, објави кинескиот новинар.

Адеми од 2010 година го носи дресот на хрватскиот шампион, а досега за екипата од Загреб настапи на 358 натпревари, при што постигна 41 гол и 38 асистенции.