Адвокатот на Синер: Жалбата е непотребна, подобро ќе биде да се одземат поени и пари!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Правниот застапник на првиот тенисер во светот Јаник Синер, Џејми Сингер, наведе во интервју за „Газета дело спорт“ дека жалбата од Светската антидопинг агенција (ВАДА) била дочекана со изненадување во тимот на Италијанецот.

Допинг аферата на Јаник Синер доби нов продолжеток. Светската антидопинг агенција (ВАД) соопшти дека доставила жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) и побарала суспензија на првиот рекет во светот во период од 12 до 24 месеци.

Синер се огласи за „Газета дело спорт“, тврдејќи дека е изненаден од одлуката на Светската антидопинг агенција. Да потсетиме, образложението на Италијанецот беше дека недозволената супстанца клостебол се нашла во неговиот организам преку масажи од физиотерапевтот, кој користел одреден спреј против повреди за заздравување на сопствените повреди.

Адвокатот на Синер во овој случај Џејми Сингер, даде кратко интервју за „Газета дело спорт“, тврдејќи дека се надевале на поинаков исход.

„И ние бевме изненадени, да бидеме искрени. Откако Јаник беше позитивен на клостебол во мала количина, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот ја разбираше чувствителноста на случајот и се обрати до независен стручен суд наместо директно да пресуди. Се надевавме дека искуството на тројцата експерти од Комисијата за спортско решавање и нивните добро поткрепени и документирани пресуди ќе увериле дека работата правилно е решена. Сите сме свесни дека Вада има полно право да преземе оваа акција, апелацијата беше во нејзините можности и знаеме колку е комплицирана работата со следење на допингот и интегритетот на светот на спортот. Кажувајќи го тоа, сметаме дека жалбата беше навистина непотребна”, вели Сингер.