Агентот на Левандовски му се јавил на Лапорта: Може ли Барселона да го купи Полјакот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски јавно кажа дека сака да го напушти Баерн Минхен, иако има уште една година од неговиот договор со германскиот гигант.

Како негов нов тим се споменува Барселона, но полскиот напаѓач се сомнева во можноста на трансферот, па од својот агент Пини Захави побарал итно да разговарал со управата на каталонскиот гигант.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го исплашија Левандовски и го натераа неговиот агент да бара објаснување од првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

„Тие знаат што мора да направат, а тоа е продажба на фудбалери за да заработат пари. Барселона во последните години имаше големи загуби и мора да ги расчисти долговите“, кажа Тебас неодамна.