Агентот на Тореира го најави неговиот следен клуб: -Наполи? Се може да се случи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера излегоа информации дека и Лукас Тореира нее задоволен во редовите на Арсенал и ќе бара да си замине од клубот во јануари.

Денес веднаш со коментар се јави неговиот агент, ПАбло Бентанкур кој истакна дека е можен негов премин во Наполи.

„Тореира е добро. Тој сега е со националниот тим и е среќен. Точно е дека Наполи го сакаше но имаше разлика помеѓу цената. Анчелоти лично се обиде да го донесе во Наполи и ако преговорите со Арсенал беа прескокнати тој ќе се преселеше во Неапол. Дали може да се случи повторно да има преговори и иден трансфер во Наполи? Да, се е можно“- изјави Бентанкур.