Агентот на Вилијан потврди дека играчот има пет опции за продолжување на кариерата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Агнетот на фудбалерот на Челси, Вилијан, Киа Јорабчиан потврди дека Бразилецот има пет опции за продолжување на кариерата.

Јорабичан исто така потврди дека за тоа играчот ќе одлучи веднаш по крајот на финалниот натпревар од ФА Купот кој е закажан за сабота.

Според агентот на фудбалерот Вилијан има две понуди од Премиер лигата, две од европски клубови и една од МЛС Лигата.

Се верува дека од Премиер лигата за него е заинтересиран Арсенал, а втората понуда или е од Челси кој сака да го задржи играчот или од Тотенхем кој исто така го посакува во своите редови.